Термин за 10 секунди.
Без повици, без чекање.
Shik ги собира салоните, берберите, студијата за нокти и спа центрите во Македонија на едно место. Клиентите закажуваат онлајн, а салоните добиваат полн календар без провизија.

Од желба до термин, во четири чекори.
- 01Најди салонПребарај по град, услуга или име. Секој салон има слики, ценовник, работно време, мапа и рецензии од клиенти.
- 02Избери терминГи гледаш слободните термини во живо. Избираш услуга и, ако сакаш, естетичар.
- 03Потврди со телефонДобиваш код на Viber или SMS. Нема лозинка, нема сметка, нема картичка.
- 04Дојди на времеПотсетник 24 часа и 2 часа пред терминот. Промени или откажи со еден линк.
Салонот сè уште не прима онлајн термини? Јави се директно од неговата страница со едно допирање. За клиентите Shik е секогаш бесплатен.
Најди салонОд профил до полн календар.
- 01Најди или креирај го профилотНад 1.100 салони во Македонија веќе се на Shik. Најди го својот и преземи го бесплатно, или креирај нов за 2 минути.
- 02Дополни ја страницатаСлики од твојата работа, услуги и цени, работно време. Профил со слики добива многу повеќе прегледи.
- 03Стави го линкот во биоshik.mk/твој-салон во Instagram, Viber статус или визит-карта. Секоја недела гледаш колку луѓе те бараат и ти се јавуваат.
- 04Вклучи онлајн закажувањеОд 999 ден месечно. Клиентите закажуваат сами и во 23 часот, а ти ги гледаш термините во Shik Pro на телефон или таблет.
Твојот салон е на Shik, а не си го креирал?
Страниците со ознака „Непреземен профил“ ги направивме од јавно достапни податоци: име, адреса, телефон и работно време. Така клиентите можат да те најдат и да ти се јават уште денес.
Не сакаш да бидеш на Shik? На истата страница можеш да побараш профилот да се отстрани.
Креирај профил за салонShik за iPhone и Android. Бета на iPhone.
Закажувај, менувај термини и чувај ги омилените салони директно од телефон. За салоните, Shik Pro е целосно решение за водење на бизнисот: термини, клиенти, тим, работно време и потсетници на едно место.
- Термини и потсетници на едно место
- Омилени салони и брзо повторно закажување
- Shik Pro: целосно решение за водење на твојот салон
Бета верзијата за iPhone се инсталира преку TestFlight: прво преземи ја апликацијата TestFlight од App Store, па отвори го линкот. Android наскоро.


Често поставувани прашања
Дали ми треба сметка за да закажам?+
Не. Го потврдуваш телефонот со код и терминот е закажан. Можеш да направиш сметка ако сакаш да ги гледаш сите термини и омилени салони на едно место.
Колку чини закажувањето за клиентите?+
Ништо. Плаќаш само за услугата во салонот, по цената од ценовникот.
Како да откажам или да сменам термин?+
Со линкот во потврдата или потсетникот. Секој салон има свој рок за откажување, кој го гледаш пред да закажеш.
Што ако салонот не прима онлајн термини?+
На неговата страница има копче за повик. Салоните на Starter пакет примаат термини по телефон.
Дали моите податоци се безбедни?+
Телефонот го користиме само за потврда и потсетници за терминот. Не го продаваме и не праќаме реклами.